Манчестер Јунајтед е во потрага по нов тренер, откако претпладнево клубот му го врачил отказот на Жозе Мурињо. Португалецот, двократен освојувач на Лигата на шампионите со Порто и Интер, го плати цехот поради лошите резултати.
Англиските медиуми сега се занимават со името на неговиот наследник. Клубот објави дека ќе биде именуван тренер што ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а дури потоа треба да биде именуван тренерот кој на долги патеки би го предводел клубот.
„Скај спорт“ тврди дека Мурињо ќе го наследи неговиот досегашен помошник, Мајкл Керик. 37-годишникот цели 12 сезони го носел дресот на Манчестер Јунајтед, во тој период одиграл 316 натпревари и постигнал 17 гола.
Неколку други медиуми шпекулираат со имињата на Лоран Блан и Оле Гунар Солскјер. Блан долго време е без работа. Тој две сезони играч за Јунајтед и добро го знае системот на „Олд Трафорд“.
Истото важи и за Солскјер, поранешниот голгетер на „црвените ѓаволи“. Солскјер е актуелен тренер на Молде.