Мајкл Овен со својата биографија „Рибут“ не престанува да ја бранува јавноста. Новинарите вадат извадоци од книгата, во која Овен се чини критички настроен кон поранашените клубови, соиграчи, тренери…
Откако „удри“ по Њукасл, поради што имаше и расправија на „Твитер“ со поранешниот соиграч Алан Ширер, се осврна на црвениот картон што Дејвид Бекам го доби на Светското првенство во 1998 година, тој остро го напаѓа поранешниот англиски селектор Фабио Капело.
„Фабио дојде во репрезентацијата со чувство дека мора нешто да смени. Првата промена му бев јас. Без објаснување ја заврши мојата тешко стекната кариера на репрезентативец. Такво нешто не заслужив“, пишува во биографијата поранешниот играч на Ливерпул и продолжува.
„Не само што ја уништи мојата кариера, туку тој му нанесе голема штета на англискиот фудбал, а беше неверојатно платен. Најлошо е што тој е еден од најнеуспешните тренери во историјата на англискиот фудбал. Тој беше апсолутно с…е“.
Овен открива дека ниту останатите репрезентативци немале позитивно искуство со Фабио Капело.
„На првиот состанок забележавме дека е строг кон исхраната, а втората работа беше што тој не знаеше ниту збор англиски. Само се гледавме и се прашувавме: „Како тој ќе ни објасни нешт?“.
Ован за Англија во кариерата одиграл 89 натпревари и постигнал 40 гола. Фабиот Капело ја предводеше Англија од 2008 до 2012 година.
Овен не ја заборавил 1998: Уште го презирам Бекам, тој ја разочара Англија (видео)