Мајнц со 4:0 ја декласираше Херта Берлин за да се искачи на шестото место на табелата во Бундеслигата, и да ги зголеми маките на „старата дама“ од германската престолнина, додека Келн направи луд пресврт во финишот на мечот за 3:2 победа кај Волфсбург.
Ли-Џеј Сунг и Александер Хак во првото полувреме стрелаа за Мајнц, за Силвер Видмер и Жан-Пол Бетиус да ја потврдат победата на домаќините, по која Херта е на само два поени од зоната за испаѓање во Бундеслигата.
На „Фолскваген арената“ пак, Волфсбург имаше 2:1 водство против Келн, пред „јарците“ со головите на Марк Ут во 77. и Антони Модест во 89. минута да стигнат до 3:2 победа, за осмо место на табелата. Волфсбург се на 10. место.
БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО
Мајнц – Херта Берлин 4:0
Волфсбург – Келн 2:3
Арминија Билефелд – Бохум 2:0