Top Sport

Мајнц контра фанот кој се пожали на 9 црни фудбалери во стартниот тим

Германскиот бундеслигаш Мајнц преку социјалните мрежи ја сподели дискусијата со еден нивни навивач кој се откажа од членството во клубот бидејќи во стартните 11 имало премногу црни фудбалери.

„Неколку месеци не можам да се идентификувам со овој клуб. Добив впечаток дека сум во Африканскиот куп, а не во германската Бундеслигата. Знам со што ќе се браните, но јас не сум расист. Но, што е многу, е многу. Во стартниот тим имаше 9 (!!!) црни фудбалери, а германскиот талент не добива шанса и ова веќе не е клубот кој беше блиску до моето срце овие години“, вели навивачот, кој остана анонимен.

Мајнц одговори дека нема проблем да ги прекрати врските со расистички навивач и додадоа дека неговото однесување оди против вредностите на клубот.

„Иако ни е жал да слушнеме кога некој сака да го откаже своето членство и се бориме за секој наш член, во овој случај нема да искажеме никаква тага. Расизмот се раѓа кога се шират расистички мисли, не само кога некој нема да каже дека е расист. И да, во право сте: Не можете да се идентификувате со нашиот клуб. За нас, бојата на кожата и други такви работи не се важни. Најважно е некој да е човек и да ги дели нашите вредности. Такви се добридојдени во нашата заедница. Затоа, го поздравуваме вашето откажување, бидејќи е јасно дека не ги делите тие вредности“, објаснија од Мајнц.

Scroll to Top