Top Sport

Мхитаријан не сака да се врати во Арсенал

Најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мхитаријан не сака да се врати во Арсенал, негова желба е да остане во Рома каде што оваа сезона игра како позајмен играч.

Ерменецот од почетокот на сезоната настапил на 17 натпревари на кои постигнал шест гола.

„Не знам уште колку ќе останам овде. Ми се допаѓа Рим како град и Рома како клуб, би сакал да останам овде, клубовите треба да решат. Давам се од себе, тренирам, го учам јазикот, ќе видиме што ќе се случи. Лично, би сакал да останам во Рома и во наредните години. Ми се допаѓа филозофијата која ја има тренерот. Сепак јас сум под договор со Арсенал. Рома и Арсенал мора да се договорат околу обесштетувањето“, рекол Ерменецот.

Михитаријан стана играч на Арсенал во јануари 2018 година како дел од трансферот на Алексис Санчез кој се пресели во Манчестер Јунајтед. Фудбалерот има договор со Арсенал до јуни 2021 година.

Scroll to Top