Борусија Дортмунд доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Мајнц (0:2), но нивниот ривал РБ Лајпциг прими гол во 92. минута за 2:2 реми со Фортуна Диселдорф и не успеа да им се доближи на второто место на табелата.
На „Сигнал Идуна парк“, Џонатан Буркхард ги донесе Мајнц во водство во 33. минута, по што во второто полувреме гостите го удвоија водството со гол од пенал Жан-Филип Матета во 49. минута ги потврди важните поени за Мајнц, кои сега се на пет поени над зоната за испаѓање со само два меча до крајот на сезоната.
РБ Лајпциг имаше сигурни 2:0 благодарение на 26. гол оваа сезона на Тимо Вернер, но Фортуна со голови во 87. и 92. минута стигна до импресивно реми за да се доближи на пет поени до Мајнц.
Баер Леверкузен со 2:1 го совлада Келн со головите на Бендер и Каи Хаверц за да се искачи на четвртото место на табелата.
БУНДЕСЛИГА, 32.КОЛО
Аугзбург – Хофенхајм 1:3
Баер Леверкузен – Келн 3:1
Борусија Дортмунд – Мајнц 0:2
РБ Лајпциг – Фортуна Диселдорф 2:2
БОРУСИЈА Д.-МАЈНЦ