Top Sport

Мајнц убедлив против Борусија Менхенгладбах

Мајнц ја оствари деветтата победа во Бундеслигата оваа сезона откако ја надигра Борусија Менхенгладбах и славеше со 4:0. Домаќинот се искачи на седмата позиција со 32 бода и сега конкурира и за излез во Европа.

Ли Јае-Сунг во 25.минута донесе водство за Мајнц, а Маркус Ингвартсен ја удвои предноста во 49.минута. Третиот гол беше дело на Лудовик Ажорке во 72.минута од дуелот, а во финишот погоди и Веипер Нелсон.

Scroll to Top