Top Sport

Наинголан и Калјари ја декласираа Фиорентина (Видео)

Најпријатното изненадување сезонава во Серија А, екипата на Калјари, забележа нова победа. На Сардинија, Калјари убедливо ја порази Фиорентина со 5:2. Калјари нема пораз на последните десет натпревари, а ова за нив беше седмата победа во таа низа. Блескаше на овој натпревар Раџа Наинголан со гол и две асистенции.

Калјари ја торпедираше Фиоренита за 48 минути. Домашните фудбалери пет гола постигнаа во интервалот од 17 до 65 минута, а шлаг на тортата беше голот на Раџа Наинголан во 65 минута.

Серијата на голови ја отвори Хрватот Рог, по асистенцијата на Наинголан. До крајот на полувремето стрелци беа Пискане и Џовани Симеоне. Во вториот дел серијата ја затворија Жоао Педо и Наинголан.

Во финишот на мечот во 75 и 87 минута младинскиот репрезентативец на Србија, Влаховиќ постигна два гола за Фиорентина.

По некомплетното 13 коло Калјари се наоѓа на третото место со 24 бода, додека Фиорентина е на осмата позиција со 16 поени.

Scroll to Top