На Реал Мајорка не им оди најдобро, откако по победата во првиот меч од новата сезона во Ла лига, доживеаја уште еден пораз, овојпат од 4:2 од тимот на Хетафе. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски повторно не доби шанса од тренерот Висенте Морено.
Хетафе дојде во водство уште во седмата минута со автоголот на Идрису Баба, а на полувреме имаа 2:0 предност откако Хорхе Молина беше прецизен од белата точка во 33. минута. Хетафе дојде и до 3:0 преку Алан Њом во 63. минута, пред Мајорка да постигне гол преку Хрватот Будимир во 70. минута.
Будимир им даде надеж на гостите дека можат да стигнат до реми, кога во 77. минута намали на 3:2, меѓутоа Анхел во 84. минута го потврди триумфот.