Франческо Тоти можеби има 43 години, но очигледно уште е мајстор со фудбалската топка. На еден локален турнир 8-на-8, Тоти постигна неверојатен гол од слободен удар со вртена топка, и очигледно уште му значеше што тоа го умее.
Тоти се пензионираше од фудбалот пред речиси три години, по што работеше како еден од директорите на својот единствен клуб Рома, пред минатата година неславно да се раздели со „волчицата“.
Class is permanent. pic.twitter.com/XOiUF6yARY
— Fat Totti? (@Fat_Totti) January 13, 2020