Top Sport

„Мајсторот“ Гризман ги остави Барса во трка за титула!

Лионел Меси на претходниот меч се откажа од изведување на пенал со кој можеше да има хет-трик за да му го предаде на Антоан Гризман за враќање на самодовербата.

Францускиот напаѓач го искористи тоа и денеска постигна два гола за да им донесе 2:1 победа кај Вилјареал за да се вратат во игра за титулата од Ла лига.

А работите не тргнаа добро на „Керамика“ – Семјуел Чуквуезе во 23. минута го донесе тимот на Унаи Емери во неочекувано водство. Гризман во 28. минута израмни на 1:1, пред во 35. минута да ја осигура победата на Каталонците.

Барса остануваа трети со 71 поен, израмнети со Реал на второто место и само два зад Атлетико Мадрид. Барса и Атлетико имаат 32 одиграни меча (од вкупно 38), а Реал има 33 меча. Вилјареал се седми со 49 поени.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top