Рубин Казан стигна до изненадувачка 2:1 победа над Зенит Санкт Петерсбург во меч од Руската Премиерлига, во која блесна напаѓачот Денис Макаров, кој го „уништи“ поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен пред да му постигне победнички гол во 92. минута од мечот.
Макаров доби долга топка напред и пред себе имаше двајца дефанзивци, кои успеа да ги измами на фантастичен начин, а посебно се „покажа“ Хрватот Ловрен. Зенит пропушти шанса да израмни на 2:2 во 99. минута, кога Артем Ѕјуба утна пенал!
??? Dejan Lovren violated and sent back to Merseyside by Makarov.
Suspect defending, but that pitch is something else. pic.twitter.com/DvgyJmjgXJ
— Russian Football News (@RusFootballNews) March 8, 2021