Top Sport

Абрамович досега загубил 2.4 милијарди фунти во 2020

Сопственикот на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович по падот на финансиските пазари во светот, досега во 2020 година загубил фантастични 2.4 милијарди фунти. Но, без грижи, тој не остана без пари – останува со проценето богатство од 10.95 милијарди фунти.

Според весникот „Москва тајмс“, руските милијардери загубија вкупно 50 милиони евра во 2020 година.

53-годишниот Абрамович, кој е газда на Челси од 2003 година, нема стапнато во Велика Британија од мај 2018 година, кога британската влада одби да му ја обнови бизнис визата и ги поттикна шпекулациите дека ќе го продаде Челси, нешто што досега не се реализираше.

Scroll to Top