Top Sport

Македонија е 68 на ФИФА-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за три позиции на листата на ФИФА. Македонија, минатиот месец ја победи Летонија и ремизираше со Словенија во првите два квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2020, поради што напредуваше до 68 позиција на ФИФА-листата.

Според најновото рангирање на ФИФА, Македонија е четврта по рејтингот во квалификациската група за пласман на Европското првенство. Пред Македонија се Полска (20), Австрија (34) и Словенија (63), а зад „црвено-жолтите“ се Израел (84) и Латвија (133).

На врвот на листата е Белгија, пред Франција, Бразил и Англија. Англичаните ја имаат најдобрата позиција на листата, исто како и Уругвај.

Топ 10, ФИФА листа:
1. Белгија 1737
2. Франција 1.734
3. Бразил 1.676
4. Англија 1.647
5. Хрватска 1.621
6. Уругвај 1.613
7. Португалија 1.607
8. Швајцарија 1.604
9. Шпанија 1.601
10. Данска 1.568

Scroll to Top