Top Sport

Повлекувањето било блеф, Мекгрегор за враќа во октагонот

Конор Мекгрегор блефирал кога пред една недела, на својот профил на „Твитер“, објави дека заминува во пензија.

Ирецот изминатите денови „дивееше“ на оваа социјална мрежа, а се соочи со критики, откако сопругата на својот најголем ривал, Хабиб Нурмагомедов ја нарече „пешкир“.

Тој го избриша спорниот „Твит“, откако му стана јасно што напишал, а со најновата објава се обидува да ги смири страстите.

„Сакам да продолжам понатаму со своите навивачи од сите вери и националности. Верата не става во искушение да го извадиме најдоброто од нас. Ова е еден свет и сите сме во него.Се гледаме во октагонот“, напишал на „Твитер“, Конор Мекгрегор.

Мекгрегор (повторно) објави крај на кариерата

Scroll to Top