Top Sport

Македонија Ѓорче Петров е освојувач на Купот на Македонија, Стевковски херој на „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров по вторпат ја освои титулата од Купот на Македонија, откако во финалето по изведувањето на пенали беше поуспешен од Силекс со 4:3, откако мечот заврши без голови во регуларниот дел.

До вториот трофеј по тој во 2006 година, „лавовите“ стигнаа благодарение на голманот Христијан Стевковски, кој не само што во второто полувреме имаше неколку клучни одбрани за да го сопре Силекс, туку и во пенал-рулетот одбрани два удари.

Македонија имаше поофанзивен старт на мечот, но во второто полувреме, најдобри шанси имаше токму пред нивниот гол, по што во продолженијата немаше големи шанси на вете страни. Стевковски во првиот пенал го „прочита“ Бурхан Алији, за во третата серија да го одбрани и обидот на Благоја Спирковски. На другата страна Попзлатанов не успеа со „паненка“ да го измами Божиновски, за во Сефер Емини да го постигне победничкиот гол за 4:3.

Титулата за тимот на Муарем Бајрами значи и пласман во Европа, додека Силекс не успеа да стигне до својата четврта Куп-титула и ќе се задоволи со враќање во Првата лига следната сезона.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top