Top Sport

Македонија ЃП ги стартува подготовките на турнир во Хрватска

Македонија ЃП е првиот тим од Првата фудбалска лига што ги стартува зимските подготовки. „Лавовите“ заминуваат во Хрватска каде ќе го одработат првиот дел од подготовките.

Лекарските прегледи се предвидени за утрешниот ден во Пула, а потоа тимот ќе биде дел од турнирот „Арена Куп 2023“ каде ќе одигра најмалку три натпревари против Истра од Хрватска, Арсенал Тиват од Црна Гора и Колкети од Грузија.

„Играчите ќе имаат време и за одмор, но по посебна програма за работа. Подготвени сме за наредните предизвици кои не очекуваат во кои се надеваме дека и оваа година ќе бидеме успешни.“, рече шефот на стручниот штаб Муарем Бајрами.

На 25. јануари, тимот на Македонија ЃП ќе заминува на централни подготовки во Анталија.

Scroll to Top