Македонија ЃП оствари важна победа (1:0) над Академија Пандев во битката за излез во Европа. Ермедин Адем од пенал во 85.минута беше стрелец на победничкиот гол за „лавовите“. Во првиот дел, Сефер Емини во осмата минута не успеа да реализира удар од белата точка.
Пелистер и Тиквеш во Битола одиграа 1:1. Ристе Каракамишев во шестата минута обезбеди водство за кавадарчани, но израмни Христијан Драгарски во 29.минута.
Ренова и Струга Трим Лум ремизираа 1:1 во Тетово. Џелил Абдула во 51.минута донесе предност за домаќинот, а израмни Немања Босанчиќ од пенал во 84.минута од мечот.
Борец го совлада Скопје со 1:0, со голот на Енсар Љума во 70.минута од дуелот.
Вчера, Шкендија стигна до минимална победа (1:0) над Работнички, а Брегалница убедливо го совлада новиот првак Шкупи со 4:1.