Top Sport

Македонија ЃП со играч помалку успеа да ја сопре Струга ТЛ

Струга ТЛ нема веќе максимален ефект во Првата лига. Македонија ЃП успеа да го сопре налетот на стружани играјќи 1-1 против лидерот на мечот во Ѓорче Петров. „Лавовите“ во финишот играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Матеус, а капитенот Ермедин Адем не успеа да реализира и пенал.

Буњамин Шабани во 62.минута донесе предност за Струга ТЛ со прецизен удар откосо од левата страна, а во 74.минута Македонија ЃП остана со играч помалку по исклучувањето на Матеус.

Ѓурѓевиќ во 59.минута ја погоди гредата од голот на гостите, но Струга ТЛ поведе.

Во 83.минута, Ермедин Адем не реализира пенал откако со рака во сопствениот шеснаесетник играше Едис Малиќи, но Филип Алексовски донесе израмнување со голот во 86.минута, на асистенција на Емир Скендери.

Фото: Игор Паневски

Scroll to Top