Top Sport

Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Сингапур

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Сингапур откако тоа го заслужи на денешните квалификации со време од 1:49:412. Од второто место ќе стартува Перез, на третото место е Саинц, а потоа следуваат Алонсо, Норис и Гасли.

Макс Ферстапен го возеше најбрзиот круг на патеката, но поради проблеми со болидот не успеа истиот да го заврши, па трката ќе ја започне од осмата позиција.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, не успеа да влезе во третата квалификациска рунда и трката ќе ја започне од 11. место.

Scroll to Top