Македонскиот прволигаш Македонија ЃП го претстави Антон Карачанаков за ново засилување. Тој треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот на „лавовите“.
Карачанаков доаѓа од Монтана, има 31 година и има завидно интернационално искуство. Тој има настапувано и во Русија, Грција, Полска и во Романија.
Македонија ЃП од 21 јуни ќе замине на подготовки во Словенија каде ќе одигра четири пријателски натпревари, подготвувајќи се за настапот во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.