Македонскиот прволигаш Македонија ЃП, кој е актуелен освојувач на Купот, се подготвува за учество во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.
Ѓорчепетровци ја заокружуваат првата фаза од подготовките, а од 21.јуни ќе заминат во Словенија. Таму ќе одиграат четири пријателски натпревари.
Првиот натпревар е закажан за 23. јуни против Марибор, а три дена подоцна Македонија ЃП ќе игра против Целје. Следи дуелот против Радомље на 29. јуни, а тестовите во Словенија ќе завршат со мечот против Чукарички кој е закажан за 1. јули.