Top Sport

Македонија има само 5 отсто шанси да ја мине групата

Фудбалската репрезентација на Македонија, вчера ги дозна противниците со кои ќе се бори за едно од двете места во групата, кои обезбедуваат пласман на Европското првенство во Германија, во 2024 година.

Македонија, германска виза, ќе бара во Ц-групата, против Италија, Англија, Украина и Малта. Јасно е дека Македонија е во исклучително тешка група и ќе биде вистински подвиг доколку освои една од првите две позиции.

Организацијата „We Global Football“, ги оцени шансите на сите репрезентации да бидат меѓу двете провоцирани во квалификациските групи. Македонија има само 5,8 отсто шанси да ја мине групата.

Најмногу шанси да ја минат Ц-групата имаат фаворитите Италија (87,60%) и Англија (86,16%). Трета е Украина (20,44 %), додека Малта, според оваа прогноза нема никакви шанси да се најде на ЕУРО 2024.

Квалификациите за ЕУРО 2024 започнуваат во март. Македонија на 23. март ќе ја пречека Малта.

Фото/ ffm.mk

Scroll to Top