Македонската фудбалска репрезентација има водство од 1:0 против Исланд во одлучувачкиот меч за бараж на Светското првенство, резултат кој не води меѓу 12-те репрезентации кои во втор обид ќе се обидат да отидат во Катар, по што не чекаат уште нервозни 45 минути за да се стигне до целта.
Џани Алиоски уште во седмата минута ни донесе водство со прекрасен гол, а иницијативата донесе уште еден гол во 40. минута, кога Алиоски шутираше, а топката од исландскиот голман се одби кај Чурлинов, кој ја смести топката во голот. И покрај ВАР проверката, беше досуден офсајд.