Фудбалската репрезентација на Италија ќе има голема поддршка од трибините на бараж натпреварот против Македонија за пласман на Светското првенство во Катар. Сите билети за натпреварот закажан за 24 март на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо се распродадени за само два часа.
Капацитетот на стадионот ќе биде исполнет со 75% поради пандемијата на коронавирусот и се очекуваат околу 26.000 гледачи.
Македонија ќе добие билети за нашите навивачи според соодносот кој го предвидува ФИФА. Македонските фанови кои се заинтересирани да бидат присутни на овој историски натпревар ќе треба да ја следат процедурата за испраќање мејл во ФФМ за да побараат право за билет.