Top Sport

Македонија напредуваше две места, Бразил ја „скокна“ Франција

Иако од почетокот на јуни не одигра ниту еден натпревар фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше две позиции на ФИФА-листата, која по завршувањето на првенствата на Африка и Јужна Америка и Голд купот доживеа сериозни промени. Швајцарија и Данска испаднаа од Топ 10, а во ова друштво се вратија Аргентина и Колумбија.

На најновата листа на ФИФА, Македонија ја дели 71 позиција со репрезентацијата на Кина. Македонската репрезентација напредуваше благодарение на падот од 11 места на Боливија и на Панама која назадуваче четири позиции.

Од противниците на Македонија во Г-групата за пласман на ЕУРО 2020, напредок на листата бележат Словенија и Латвија, додека назадуваа Полска, Австрија и Израел.

Полска се наоѓа на 20 место, Австрија на 27, Словенија е 63, Израел 84, а најлош рејтинг има Латвија, 134 место.

Во Топ 10 само Белгија и Англија ги задржаа своите места. Белгијците се лидери пред Бразил и Франција. Бразилците ја минаа Франција благодарение на трофејот на Копа Америка.

Следуваат Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Колумбија, Шпанија и Аргентина.

Scroll to Top