Top Sport

Мекинро: Светот останува без суперѕвезда

Поранешниот прв светски тениски рекет, Џон Мекинро смета дека на тенисот негативно се одразува отсуството на членовите од „големата тројка“ од најголемите турнири.

Федерер имаше пауза од 13 месеци, Надал есеноска го пропушти САД опен, а сите тројца (Надал, Федерер, Ѓоковиќ) го пропуштија Мастерсот во Мајами.

Оваа можност ја искористија младите тенисери, па на Флорида триумфираше Полјакот Хуберт Хуркач.

Мекинро вели дека на тениските турнири секогаш се потребни најдобрите.

„Тенисот полека останува без суперѕвезда. Голем турнир без Ѓоковиќ, Федерер и Надал е помалку забавен и интересен“ вели Американецот.

Сепак, неговото мислење не го делат сите. Директорот на турнирот во Мајами, Џејмс Блејк смета дека тоа е можност за одмор и ситуација во која ќе се докажат некои други тенисери.

„Возбудливо е, пред се кај тенисерите. Ѓоковиќ, Надал, Федерер и мареј доминираа со години. Тоа беше навистина долг период, без нив добивме некои нови момци кои се докажуваат“ вели Блејк.

На наредниот Мастерс турнир во Монте Карло – Ѓоковиќ и Надал го потврдија своето присуство, а Федерер рече дека се враќа за турнирот во Мадрид.

Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 24 at ANIMEFLIX hunter x hunter animeflix

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai (https://kissanimeonline.com/m/RVMM) Episode 13 at KissAnime your name kissanime

Scroll to Top