Top Sport

Македонија У21 одигра реми против Саудиска Арабија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше 1:1 против селекцијата на Саудиска Арабија до 23 години на турнирот во Хрватска. Тимот на Драги Канатларовски не успеа да реализира пенал, а имаше и неколку други нереализирани шанси.

Лука Станковски во 40. минута не успеа да погоди од белата точка, а Саудиска САрабија поведе во 45. минута од пенал преку Алхамди.

Во вториот дел, Македонија израмни со голот на Марио Илиевски. Во финишот Македонија остана и со играч помалку, а убава шанса не искористил Берат Калкан.

Scroll to Top