Top Sport

Светската рекордерка нема да настапи на маратонот во Лондон

Сопственичката на најдобриот светски резултат во маратон, Кенијката Бригид Косгеи (28), се повлече од неделниот Лондонски маратон поради повреда на тетивата. Косгеи двапати славеше во Лондон, во 2019 и 2020 година, а минатата година нејзината серија ја прекина сонародничката Џојсилин Јепкосгеи.

Оваа година таа победи и на маратонот во Токио, откако минатата година го освои олимпиското сребро на улиците на јапонската престолнина.

„Изминативе месеци се мачев со повреда на десното колено. За жал, не сум доволно во кондиција за настап“, изјави Косгеи.

Во 2019 година, Косгеи постави рекордно време од 2:14:04 на маратонот во Чикаго, а досега во кариерата има победено на девет маратони.

Scroll to Top