Top Sport

Македонија веќе заработи богатство од УЕФА

УЕФА го намали наградниот фонд за Европското првенство кое ќе започне за шест дена. Наместо планираните 371 милиони евра, УЕФА на учесниците ќе им подели 331 милиони евра.

И покрај намалувањето, овој награден фонд е најголем во историјата на континенталните првенства.

Досегашниот рекорд изнесуваше 301 милиони евра, колку штп поделија 24 репрезентации кои играа на ЕУРО 2016.

Секоја репрезентација, само за учеството на ЕУРО 2020, од УЕФА ќе добие 9,25 милиони евра.

Учесниците во осмина-финалето ќе добија дополнителни 1,5 милиони евра, претходно беше предвидено тие да добијат два милиони евра. Пласманот во четврт-финалето ќе биде наградено со 3,25 милиони евра, полу-финалето со четири, финалето со пет милиони евра, шампионот ќе добие уште осум милиони евра.

Победникот на ЕУРО 2020 најмногу може да заработи 28,25 милиони евра.

Scroll to Top