Top Sport

Македонија во квалификациите за ЕП може да добие „југословенска“ група

За две недели (2.декември) во Даблин ќе бидат извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2020 година. Македонија противниците ќе ги чека од петтиот „шешир“. Она што е интересно, но не и премногу посакувано е што македонската репрезентација може да биде во група со репрезентации од просторите на поранешна Југославија.

Голема е веројатноста дека Хрватска ќе биде меѓу носителите на ждрепката, односно дека ќе се најде во првиот „шешир“. Хрватска го чека расплетот во групите 1 и 3, во Лигата на Нации.

Босна и Херцеговина сигурно ќе биде во вториот „шешир“. Репрезентацијата која ја предводи Роберт Просинечки, одигра исклучително добро во Лигата на Нации и супериорно ја освои својата група.

Во третиот „шешир“ ќе биде Србија, а во четвртиот репрезентациите на Црна Гора и Словенија.

Квалификациите за пласман на ЕУРо 2020 ќе се играат во периодот март-ноември 2019 година. Екипите ќе бидат поделени во десет групи, а најдобрите две од секоја група ќе изборат пласма на континенталниот шампионат. Преостанатите четири места ќе ги пополнат победниците во секоја од четирите дивизии во Лигата на Нации.

Инаку, ЕУРО 2020, ќе се одржува во 12 држави, а градови домаќини ќе бидат: Амстердам, Баку, Билбао, Брисел, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург.

Завршницата (двете полу-финални средби и финалето) ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.

фото: ffm.mk

Scroll to Top