Top Sport

Македонија во Ла Валета: Традицијата е на наша страна, победата е императив

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва гостува во Ла Валета, кај Малта во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Победата против аутсајдерот во Ц-групата е императив за избраниците на Благоја Милевски. Само со победа ќе биде поврдена добрата игра и освоениот бод против европскиот првак Италија, во сабоата во Скопје.

На почетокот на овој квалификациски циклус, Македонија не блескаше против Малта но сепак славеше со 2:1, со головите на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.

Македонија и Малта досега одиграле пет натпревари. Четири победи има Македонија, еден натпревар, пријателски во далечната 2010 година завршил без победник.

Традицијата е на нашата страна, но победата треба да се извојува на теренот. Со три бода Македонија ќе го задржи чекорот со Украина и Италија за второто место во групата.

Натпреварот во Ла Валета ќе започне во 20.45 часот.

Група Ц, табела:

ФОТО/FFM.MK

Scroll to Top