Фудбалската репрезентација на Македонија има убедливо водство од 4:0 по првото полувреме на натпреварот против Гибралтар, во четвртото коло од Лигата на нации. Квалитетот е убедливо на страната на избраниците на Благоја Милевски на овој меч.
Енис Барди го отвори резултатот во четвртата минута од слободен удар, а десет минути подоцна асистираше за погодокот на Бојан Миовски со удар со глава.
Напаѓачот беше стрелец и на третиот гол, додека четвртата реализација ја имаше Дарко Чурлинов во 31.минута од мечот.