Првата фудбалска лига на Македонија е второрангирана во светот, според бројот на сменети тренери за изминатата сезона. Процентот е неверојатен (90,9%) на клубовите кои барем еднаш го променија шефот на стручниот штаб во текот на сезоната. Всушност, единствен клуб кој издржа со ист тренер во текот на целата сезона беше Силекс, со Горазд Михајлов.
Меѓународниот фудбалски институт CIES направи анализа на тренерските промени ширум светот, поточно во 60-те најважни прволигашки натпреварувања на планетата.
Резултатот е неверојатен, Првата лига на Македонија е рангирана на второто место, веднаш зад Премиерлигата на Босна и Херцеговина (91,7 %).
Зад Македонија се елитните фудбалски првенства на Србија, Костарика, Алжир и на Тунис.