Македонските фудбалери ќе добијат премија од половина милион евра за евентуален пласман на Светското првенство во Катар, вети премиерот Димитар Ковачевски, кој ќе го поддржи нашите репрезентативци на најважниот меч, пресметката со моќната Португалија во Порто.
Дечките на селекторот Благоја Милевски покажаа дека умеат да се справат со притисокот и да одговорат на секој предизвик, како при големата победа против Италија, и сега останува само да им дадеме поддршка да направат уште еден вистински подвиг.