Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, против Грузија ќе го одигра третиот натпревар во Групата 4, во Лигата на нации. Во првите две кола, Македонија одигра 1:1 во Разград,против Бугарија и славеше победа од 2:0 во Гибралтар. Грузијците силно влегоа во овој циклус натпревари, со две убедливи победи над Гибралтар дома од 4:0 и нагости во Бугарија од 5:2.
Македонија има позитивен скор со Грузија во досегашните соочувања. Во Лигата на нации два натпревари завршија без победник, а Македонија го доби најважниот дуел, на 12.ноември, кога со голот на Пандев победи во Тбилиси и се пласираше на Европското првенство.
„Имаат тимски и индивидуален квалитет, ако им овозможиме ќе доминираат на теренот. Важно е како ние како ќе изгледаме на теренот, од тоа како ќе одиграме ќе зависи и крајниот резултат. Има разлика во играта на Грузија со сегашниот селектор, сѐ е поразлично од претходните мечеви со нас, но важноста на мечот не нѐ оптоварува, подготовката е иста, треба да се даде максимумот за да постигнеме добар резултат“, изјави пред мечот селекторот Благоја Милевски.
Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе започне во 20.45 часот.