Top Sport

Марка: Реал ќе плати 150 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Весникот „Марка“ секогаш е добро информиран за она што се случува во Реал Мадрид, особено кога станува збор за интересот на клубот кон потенцијалните засилувања.

„Марка“ денес објави дека Реал е подготвен да издвои голема сума на пари за да го реализира трансферот на младиот Србин, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Актуелниот клуб на српскиот репрезентативец, Лацио, поточно неговиот претседател Клаудио Лотито, нема намера да го продаде за сума помала од 150 милиони евра, а Реал е подготвен да ги задоволи овие барања.

Според истиот извор, Реал на Лацио ќе му понуди 120 милиони евра плус 30 милиони евра низ разни бонуси.

Плановите на Реал може да му ги расипе единствено Барселона. „Марка“ пишува дека Лацио би прифатил понуда од Барселона во која покрај сумата од 120 милиони евра би бил вклучен и Рафиња, кој изминатите шест месеци играше како позајмен играч во Интер.

Scroll to Top