Top Sport

Харден испиша историја, Хјустон ја декласираа Атланта (Видео)

Кошаркарите на Хјустон Рокетс убедливо ги победија Атланта Хокс 158:111, во натпревар во кој блескаше „Брадата“ Џејмс Харден.

Харден постигна 60 поени за само 31 минута. Ова е негов четврти меч во кариерата со најмалку 60 постигнати поени колку што има и Мајкл Џордан. Пред него се само Вилт Чембрлен и Коби Брајант.

Маестрално одигра Харден во третата четвртина во која постигна 29 поени.

„Играв малку и за навивачите. Секако дека одиграв одлични три четвртини“, рекол Харден по натпреварот.

Хјустон се четврти на Западот со 13 победи и шест порази, додека Атланта го доживеаја десеттиот пораз во низа и со скор четири победи и 16 порази се на последното место во НБА лигата.

Кај Атланта се истакна Трае Јанг со 37 поени.

Scroll to Top