Top Sport

Макрон и Саркози го убедуваат Мбапе да остане во ПСЖ

Од Франција стигнуваат информации дека Килијан Мбапе и ПСЖ ќе го продолжат договорот. Медиумите најавуваат дека официјалната објава ќе биде во мај и дека имало пресврт во преговорите. Се мислеше дека Французинот летово ќе замине во Реал Мадрид, но по натпреварот со Лориeн изјави дека се уште размислува што да прави.

Во лобирањето Мбапе да остане во Париз се вклучиле и актуелниот француски претседател Емануел Макрон и поранешниот француски претседател Николас Саркози.

“Сè уште не сум одлучил. Да донесев одлука, ќе ја објавев на сите. Сепак, не… Се уште одлучувам. Ќе изберам што е најдобро за мене, се појавија некои нови работи. Дали постои можност да останеме во ПСЖ? Се разбира“, изјави Мбапе.

Напаѓачот минатото лето побара трансфер од ПСЖ и не сакаше да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на јуни. Французинот летово беше на чекор до преселба во Реал Мадрид, но во последните часови од преодниот рок остана на „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top