Top Sport

Макси Родригез во пензија, доби прекрасно збогување и пораки од Хендерсон и Меси

Макси Родригез, поранешниот фудбалер на Ливерпул и аргентински репрезентативец, доби фантастично збогување од спортот откако во понеделникот го одигра својот последен професионален меч, а доби и пораки и од капитенот на „црвените“ Џордан Хендерсон и од неговиот сонародник Лео Меси.

40-годишниот ветеран последните две години играше за својот прв клуб, Њуелс олд бојс во родната Аргентина, и во понеделникот беше заменет во 58. минута од мечот против Банфилд, добивајќи фантастично збогување со фудбалот.

Родригез, кој имаше 16 гола во 57 настапи за Аргентина, ја почна кариерата во младинскиот постав на Њуелс олд бојс, пред во 1999 да дебитира како професионалец. Три години подоцна се пресели во Шпанија, во Еспањол, а од 2005 играше за Атлетико Мадрид, по што помина две години во Ливерпул пред да се врати во Њуелс во 2012. По една сезона во уругвајскиот Пењарол, тој третпат се врати во Њуел олд бојс во 2019.

Scroll to Top