Top Sport

Максимовиќ од наредната сезона ќе игра за Панатинаикос

Фудбалерот на Хетафе, Немања Максимовиќ, потпиша тригодишен договор со Панатинаикос. Од 1.јули тој официјално ќе стане играч на „зелените“, соопшти денеска грчкиот клуб.

Максимовиќ има договор со Хетафе до 30 јуни годинава. Клубот од Атина не ги соопшти финансиските детали од договорот, но грчките медиуми пренесуваат дека српскиот фудбалер ќе заработува два милиони евра по сезона во Панатинаикос.

За Панатинаикос играат српските фудбалери Филип Младеновиќ и Филип Ѓуричиќ.

Максимовиќ (29) кариерата ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Верона, Домжале, Астана, Валенсија и Хетафе.

Со српската репрезентација до 19 години го освои Европското првенство во 2013 година. Со младинската репрезентација на Србија (У20) триумфираше на Светското првенство во Нов Зеланд 2015 година.

Максимовиќ за сениорската репрезентацијата на Србија одигра 48 натпревари.

Scroll to Top