Top Sport

Малдини: Ако против Јуве не ги искористиш шансите, на крајот сѐ може да ти се случи (видео)

портскиот директор на Милан, Паоло Малдини, за разлика од фановите на „росонерите“ кои сметаа дека клубот беше ограбен при 1:1 ремито со Јувентус поради контроверзниот пенал со играње со рака во 90-тата минута, вели дека сите треба да бидат охрабрени од драстично подобрената игра на клубот.

„Има правила кои се отворени за интерпретација околу пеналите за играње со рака, но сега не би сакал да се фокусирам на тоа или на суспендираните фудбалери за вториот меч. Сакам да зборувам за одличните перформанси на тимот и одличната стратегија на тренерот, посебно во средината на теренот и по овој меч ќе имаме повеќе самодоверба. Не постигнуваме доволно голови по сите шанси. Кога нема да ги искористиш своите шанси против тим како Јувентус, на крајот сѐ може да ти се случи. Ќе бидеме без Ибра, Тео и Кастилехо во Торино, но сигурно ќе излеземе со 11 фудбалери подготвени за борба“, изјави Малдини.

Роналдо со гол од пенал ги спаси Јуве од пораз кај Милан (видео)

Scroll to Top