Top Sport

Сосиедад со минимална предност против сензационалните Мирандес (видео)

Реал Сосиедад ќе гостува на сензационалниот полуфиналист во Купот на Шпанија, Мирандес, со предност од минимални 2:1 по интересниот меч на „Аноета“. Вчера во првиот меч во првото полуфинале, нивниот баскиски ривал, Атлетик Билбао со 1:0 ја совлада Гранада.

Сосиедад дојде во водство уште во деветтата минута, кога од пенал Микел Ојарзабал не згреши. Но, гостите, повторно покажаа дека не се случајно во полуфиналето, откако во 39. минута успеаја да израмнат преку Бразилецот Ајаш.

Сепак, славјето на Мирандес не траеше долго, откако во 42. минута, Сосиедад повторно поведе, откако со малку среќа топката дојде во нозете на Мартин Едегард. Сепак, голот постигнат во гости дава надеж дека второлигашот ќе може да направи сензација на реваншот.

Scroll to Top