Златан Ибрахимовиќ и Паоло Малдини завршија со Милан на различни начини на крајот на сезоната, но во неделата повторно беа на „Сан Сиро“, каде што се сретнаа на концертот на Колплеј.
Ибрахимовиќ последен пат беше на славниот стадион на последниот меч од сезоната 2022/23, кога имаше емотивно збогување со навивачит на Милан, потврдувајќи дека става крај на блескавата 22-годишна кариера. Малдини, пак, немаше толку пријатно збогување, откако доби шокантен отказ од позицијата технички директор на почетокот на јуни, по состанокот со газдата Џери Кардинале.