Техничкиот директор на Милан, легендарниот Паоло Малдини вели дека не бил вклучен во разговорите околу Суперлигата, но и покрај тоа се извини на навивачите.
„Росонерите“ заедно со Јувентус и Интер беа трите италијански клубови кои се обврзаа на Суперлигата на 18 април, пред денеска Интер и Милан и официјално да се повлечат. Малдини вели дека не знаел за преговорите.
„Сакам да посочам дека не бев вклучен во разговорите околу Суперлигата. Го дознав тоа во недела навечер по заедничката објава на клубовите. Тоа беше одлучувано на повисоко ниво во клубот. Бев малку збунет. Но, тоа не значи дека нема да ја преземам одговорноста и да се извинам на фановите, не само на Милан, туку на сите фудбалски фанови кои се чувствуваа предадени. Тоа морам да го кажам. Секако, директорот на голем клуб во 2021 знае колку се важни приходите и оддржливоста, така што треба да се запрашаме што научивме од оваа ситуација и каде ќе одиме понатаму. Секако, нема да ги прекршуваме спортските вредности“, вели Малдини.