Top Sport

Малдини: Му посакуваме најдобро на Џиџио Донарума

Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека голманот Џанлуиџи Донарума заминува од клубот како слободен агент, посакувајќи му многу среќа во иднината и отфрлајќи ги мислењата на дел на навивачите на „росонерите“ дека тој се однесувал со непочитување кон клубот.

„Мислам дека треба да се заблагодариме на фудбалерите кои помогнаа во оваа одлична сезона за нас. Џиџио беше лидер и честопати капитен на клубот. Луѓето не сфаќаат што значи да си професионалец, што значи да се менува клуб. Сфаќам дека е тешко да се разбере, но во модерно време тешко е да се замисли кариера во еден клуб. Мораме да ги почитуваме тие кои дале многу за Милан и да не заборавиме дека Донарума никогаш не покажал непочитување кон нас. Понекогаш патот те носи на поинакво место. Можам само да му посакам најдобро“, изјави Малдини.

Милан веќе најдоа замена на голманското место во францускиот голман Мајк Мањан од Лил, додека Донарума се поврзува со трансфер во Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

За фановите на Милан тој ќе остане „Доларума“

Scroll to Top