Top Sport

Малдини се договорил со Ал Итихад

Паоло Малдини (55) наскоро би требало да го преземе Саудиски Ал Итихад, тврди Фабрицио Романо.

Легендарниот Италијанец е главен кандидат за наследник на Португалецот Нуно Еспирито Санто, која доби отказ.

Саудискиот клуб бара и нов спортски директор, а наскоро јавно ќе објави кој ќе ги пополни тие позиции.

За Ал Итихад играат Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо.

На 56 години тоа треба да биде прва тренерска работа за Малдини во кариерата. Од 2018 до 2023 година тој беше еден од главните луѓе на Милан.

Работеше како спортски директор и беше задолжен за развојната стратегија на клубот. Со него Милан ја освои првата титула во италијанскиот шампионат по 11 години пост, а на 6 јуни 2023 година Милан го отпушти.

Малдини целата кариера ја мина во Милан, за клубот од „Сан Сиро“ играше од 1978 до 2009 година.

Scroll to Top