Паоло Малдини еден од двајцата спортски директори на Милан ги демантирал пишувањата на италијанските и шпанските медиуми дека тренерот Стефано Пиоли ќе добие отказ.
Медиумските шпекулации дека Марселино Гарсија Торал, поранешниот тренер на Вилјареал и Валенсија, ќе го замени Пиоли започнаа ден по поразот на Милан од Интер 2:4.
„Среќни сме со Пиоли. Го презеде тимот кога се наоѓаше во тешка ситуација. Тимот е млад, тој на овој тим му даде идентитет. До крајот на сезоната можат да се сменат многу работи“, рекол Малдини за „Скај Спорт Италија“ и дополнил.
„Сите ние – играчите, тренерите, менаџерите живееме од добрите резултати. Среќни сме со Стефано, убеден сум дека ќе оствариме добри резултати, а во мај ќе видиме што ќе правиме понатаму“, заклучил легендарниот играч на Милан.