Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Бразилецот Малком кариерата ќе ја продолжи на „Ноу Камп“.
Сега веќе екс фудбалерот на Бордо, како во филмско сценарио , го договори трансферот во Рома, а во последен момент заврши во Барселона.
Според некои најави тој ќе потпише повеќе годишен договор со Барселона, а по сезона ќе заработува 3,5 милиони евра.
Името на Барселона, но и паричната понуда се причините поради кои Малком во последен момент реши да не оди во Рома.
? ?? Bem-vindo Malcom! ¡Bienvenido!
⚽️ #EnjoyMalcom
?? #EnjoyBarça pic.twitter.com/pd2nbccgV6— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 24, 2018
Наводно, Барселона за неговиот трансфер понудила 40 милиони евра, четири повеќе од она што го понудил римскиот тим, а исто така „блауграна“ на Малком му понудила милиони евра повеќе на годишно ниво од она што веќе неговиот менаџер го договорил со Рома.