Top Sport

Еуфорија: Ватерполистките на Јужна Кореја постигнаа гол на СП (Видео)

Женската ватерполо репрезентација на Јужна Кореја го постигна првиот гол на Светското првенство кое се одржува во нивната земја. Првиот гол во историјата на оваа репрезентација на планетарните првенства ватерполистките бурно го прославија.

Јужна Кореја во првото коло со неверојатни 0:64 загуби од Унгарија што е рекорден пораз на една селекција на светските првенства.

Во второто коло тие играа против Русија, а при резултат 0:27 Кјунг Да-сеул постигна гол што предизвика невидена еуфорија кај ватерполистките. Плаче, се гушкаа, викаа од среќа…На крајот Русија победи 30:1.

Scroll to Top